Смешната откупна клаузула која ја побарал Рајола за Донарума

by
1 минути читање

Џиџо Донарума и Милан се во центарот на вниманието изминативе неколку недели.

Низ медиумите кружеа голем број на гласини за начинот на кој течат преговорите, за условите кои му ги нуди Милан на голманот како и барањата на неговиот агент Мино Рајола.

Во четвртокот младиот Италијанец донесе конечна одлука, и реши да не ја продолжи верноста со „Росонерите“ и покрај тоа што на маса имаше петгодишен договор вреден 25 милиони евра.

Потоа следеа меѓусебни обвинувања помеѓу Мино Рајола и лидерите на Милан за тоа каде „пукнала тиквата“, и двете страни имаа различни верзии на случувањата.

Последните информации велат дека Џиџо Донарума сепак би можел да остане, и денеска треба да има нови средби, а во меѓувреме, медиумите продолжуваат да отркиваат детали од првичните преговори.

„Скај Италија“ открива дека Мино Рајола побарал смешна откупна клаузула.

Агентот сакал неговиот клиент да го напушти Милан за 10 милиони евра, а во случај „Росонерите“ да не изборат пласман во Лигата на шампионите, сумата да изнесува само 5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани