Легендарниот тренер, Свен Горан Ериксон има канцер во поодмината фаза, кој очигледно брзо напредува, па реши да испрати проштална порака.
Емотивната проштална порака ја испрати преку документарниот филм за него кој треба да ја има премиерата на 23 август.
„Имав добар живот. Сите се плашиме од денот кога ќе умреме, но смртта исто така е дел од животот. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат дека сум бил добар човек, свесен сум дека не го мислат сите тоа, но тоа е. Се надевам исто така дека ќе ма памтите како позитивен човек кој се трудеше да прави се што може. Немојте да ви биде жал, насмејте се. Ви благодам за се, тренери, играчи, навивачи… беше фантастичен. Чувајте се и чувајте го својот живот и живејте го. Здраво“, објави Ериксон.