На плеј-оф натпревар од Конференциската лига снема струја

by Стефан
1 минути читање

Во плеј-оф натпреварот за место во групната фаза од Конференциската Лига во мечот помеѓу Ноах од Ерменија и Ружемборк од Словачка видовме една сцена каква што не се гледа често на фудбалските терени.

Имено, одеднаш стадионот „Абојван“ во Ереван остана без струја, па фудбалерите беа принудени да застанат, а судијата ја прекина играта.

Кога се случи прекинот Ноах водеше со 1:0, а до крајот на средбата постигна уште два гола за победа од 3:0. Станува збор за тим кој е дебитант во европските квалификации, но игра одлично.

Токму тие ја елиминираа Шкендија во првото квалификациско коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани