Мората поради повреда ќе ги пропушти наредните натпревари на Милан

by riste
1 минути читање

Новото засилување на Милан, Алваро Мората најмалку три недели ќе биде надвор од стројот поради мускулна повреда.

Мората влезе во второто полувреме од мечот против Торино и веднаш постигна гол. Но, заработил и истекнување на мускул поради кој ќе паузира во наредниот период.

Веројатно тој ќе ги пропушти наредните натпревари на Милан, дуелите против Парма и Лацио. За росонерите е добро што во наредниот период има репрезентативна пауза, па немаат многу мечеви. Мората ќе ги пропушти дуелите на Шпанија во Лигата на нации кои се играат во септември.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани