196
Брзо откако се раздели со Горазд Михаилов, Вардар назначи нов тренер, тоа е досегашниот прв асистент, Горан Петрески.
Ден по победата над Пелистер, Вардар направи тренерска смена, на местото од Горазд Михаилов на клупата седнува Горан Петрески.
„Горан Петрески официјално е нов предводник на екипата на ФК Вардар. Тој ќе ги предводи црвено-црните во новите предизвици и веруваме дека своето знаење, богатото фудбалско искуство како и високиот степен на професионализам, ќе успее на најдобар можен начин, да ги пренесе на екипата“, стои во соопштението на Вардар.