Вчерашниот меч против Барселона, може да биде последен за Гиорги Мамардашвили на голот на Валенсија, Ливерпул и Манчестер јунајтед водат битка за неговиот потпис.
Столе Димитриевски вчера беше резерва на првиот меч на Валенсија во новата сезона, тоа ќе биде така додека Мамардашвили не си замине од клубот.
Денеска пристигнува нова вест за ситуацијата на грузискиот голман, наводно интерес има и од Манчестер јунајтед.
Според „Мирор“, Јунајтед ќе направи напор да му го украде Мамардашвили на Ливерпул кој веќе е во преговори со Валенсија.
Ваквата трка на англиските гиганти е добра вест за Димитриевски бидејќи се зголемуваат шансите Мамардашвили конечно да ја напушти Валенсија и нашиот голман да биде прв чувар на мрежата на тимот од Местаља.