Ученикот или учителот, кој ќе го добие дербито на стартот од новата сезона во Премиерлигата?

by bojan
2 минути читање
Мареска, Гвардиола

Челси против Манчестер Сити е првото дерби во новата сезона во Премиерлигата, ученикот Енцо Мареска ќе го предизвика учителот Пеп Гвардиола.

По одличната работа на клупата на Лестер, и експресното враќање на „лисиците“ во елитата, Енцо Мареска ова лето доби неколку понуди и на крајот реши да стане нов тренер на Челси.

Судбината сакаше неговиот прв натпревар на кормилото на „сините“ да биде пресметка со Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.

Италијанецот една година беше главен на резервниот тим на „граѓаните“, а откако имаше неуспешна авантура на кормилото на Парма, се врати на Етихад и една година беше помошник на Пеп Гвардиола.

Па првото дерби во новата сезона во Премиерлигата ќе биде пресметка помеѓу ученикот и учителот, двајца тренери кои инспирација за стртегии и тактики црпат од шахот.

Манчестер Сити е актуелниот шампион, па на Стемфорд Бриџ доаѓа како благ фаворит, обложувалницата Моцарт нуди коефициент 1,95 за победа на „граѓаните“.

Челси  последен пат го победи Манчестер Сити дома во Премиерлигата во 2020, и за да го повтори овој успех, коефицентот во Моцарт е 3,90.

Главен проблем на Челси и Мареска во подготовките беше играта во одбрана, примија гол на пет од шесте контролни натпревари, па за очекување е да капитулираат и попладнево, Манчестер Сити има доволно моќ во офанзивата за да им создаде проблем на „сините“ и Монцарт нуди коефициент 2,00 за „граѓаните“ да постигнат барем еден гол во првото полувреме и два или повеќе погодоци во текот на натпреварот.

Челси исто така има силна офанзива, па добар облог е и популарната играта ГГ3+, за која коефицентот во Моцарт е 1,70.

Обложувалницата Моцарт исто така за сите нови играчи нуди огромен бонус, регистрирај се ТУКА и добиј бонус до 400 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани