Според последните информации на странските медиуми, Реал Мадрид одбил понуда вредна 100 милиони евра за трансфер на Едер Милитао.
Понудата до Реал Мадрид пристигнала од Саудиска Арабија, а не се открива платата која му била понудена на бразилскиот дефанзивец.
Дефанзивецот пропушти голем дел од минатата сезона поради повреда на лигаментите и се врати на терените кон крајот на април. Сепак, во клубот не помислуваат на негова продажба посебно затоа што претходно клубот го напушти Начо.
Милитао во натпреварот од УЕФА Суперкупот против Аталанта (2:0) ги одигра комплетните 90 минути и така му помогна на Реал Мадрид да дојде до нова титула.
Во дресот на Реал Мадрид, досега Бразилецот одигра 156 натпревари и освои 11 трофеи и има договор до 30. јуни 2028 година.