Хаверц и Сака му донесоа стартна победа на Арсенал (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Арсенал со победа од 2-0 против Вулверхемптон ја почна новата сезона во Премиерлигата, хероите беа Сака и Хаверц кои имаа по еден гол и асистенција.

Топчиите ја оправдаа фаворитската улога и со победа ја стартуваа новата сезона.

Резултатот беше отворен во 25. минута кога по асистенција на Сака, Хаверц го даде првиот гол за Арсенал.

Во 74. минута улогите беа променети, Хаверц асистираше, а Сака реализираше за конечени 2-0.

Њукасл повеќе од еден час играше со фудбалер помалку, но и покрај тоа го совлада Саутемптон со 1-0. Стрелец на единствениот гол беше Жоелинтон.

Брајтон со 3-0 победи на гостувањето кај Евертон. Митома, Велбек и Адингра беа стрелци на головите за гостите.

Нотингем форест и Борнмут одиграа нерешено 1-1. Вуд погоди за домаќините, во финишот од мечот Семењо донесе бод за гостите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани