151
Ливерпул со 2-0 победи на гостувањето кај новиот премиерлигаш Ипсвич, ова беше официјално деби за новиот тренер на црвените, Арне Слот.
Во првото полувреме немаше голови, а фудбалот беше речиси израмнет, но работите драстично се променија во вториот дел во кој Ливерпул беше многу подобар.
Инцијативата беше крунисана во 60. минута кога по една одлична акција, Салах асистираше до Диого Жота кој погоди за водство на Ливерпул од 1-0.
Пет минути подоцна и самиот Салах даде гол за конечни 2-0. За Салах ова беше деветта сезона по ред како постигнува гол во првото коло.
Покрај двата гола, Ливерпул имаше уште неколку идеални шанси за да слави и поубедлива победа.