Барса го објави составот за дуелот со Валенсија, во последен миг отпадна едно големо име

by bojan
2 минути читање
Барселона

„Каталонците“ утрово открија со каков тим ќе патуваат на Местаља, во последен миг од списокот отпадна Илкај Гундоган.

Изминативе денови имаше многу гласини за тоа како ќе изгледа Барселона на отварањето на новата сезона во Ла Лига и дуелот против Валенсија.

„Каталонците“ имаат проблем со регистрацијата на фудбалерите, особено новото засилување Дани Олмо.

Ханси Флик уште на вечерашната прес конференција го прешкрта новајлијата со образложение дека не е доволно подготвен по продолжениот одмор.

Покрај Дани Олмо, не е регистриран и Виктор Роке, а тренерот не може да смета и на Гави, Френки де Јонг, Роналд Араухо и Ансу Фати, кои се повредени.

Фермин Лопез е на одмор по настапот на ЕП и Олимписките игри, а утрово неочекувано од составот отпадна и Илкај Гундоган.

Ињиго Мартинез, Пабло Торе и Пау Виктор беа регистрирани на време, па тие патуваат во Валенсија, исто како и младите Бернал и Касадо.

Добра вест е тоа што Педро се опорави од составот, па и тој се најде на списокот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани