197
Арсенал веќе некое време е во разговори со Реал Сосиедад за трансфер на Микел Мерино, последните информации велат дека двете страни се блиску до договор.
Мерино го информирал Реал Сосиедад дека така да оди во Арсенал, тој веќе ги има договорено личните услови со топчиите.
Шпанскиот клуб му понуди нов договор на Мерино, тој го одби. Актуелниот му истекува идното лето, па доколку не сакаат да го загубат за беспари, Реал Сосиедад мора да го продаде сега.
Според новинарот Матео Морето, Арсенал е блиску до договор со Сосиедад. Сумата би била 30 милиони евра со бонуси да дојде до 35 милиони евра.