Лудо, по 17 пенал серии, Ајакс го совлада Панатенаикос! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Ајакс и Панатенаикос одиграа несекојдневен натпревар во Квалификациите од Лига Европа, патникот во плејофот се решаваше на пенали кои трае дури 17 серии.

Мечот во регуларниот тек заврши со победа на Панатенаикос со гол дури во 89. минута. Со тоа беше израмнет вкупниот резултат на 1-1. Двата тима дојдоа до минимални гостински победи.

Во двете продолженија од по 15 минути немаше погодоци па пеналите го решаваа победникот.

А, во нив се изведуваа дури 17 серии. Херој беше 40 годишниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кој одбрани 5 пенали и постигна еден гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани