Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека неговиот тим не е подготвен за отварањето на новата сезона и дуелот против Фулам.
Новата сезона во Премиерлигата започнува утре, Манчестер јунајтед на Олд Трафорд го пречекува Фулам.
И покрај тоа што „ѓаволите“ веќе одиграа еден официјален натпревар и се сретнаа со Манчестер Сити во Комјунити Шилд, тренерот Ерик тен Хаг вели дека неговите фудбалери не се подготвени.
„Не се класични подготовки од 5-6 недели на кои работиме со тимот. Го имавме составот со кој бевме на турнеа во САД, потоа ги додадовме играчите кои настапија на Европско првенство и на Копа Америка, и сега новите засилувања“ – вели Тен Хаг.
„Тимот не е подготвен, но првенството почнува и голем број на тренери го имаат овој проблем“.
„И покрај тоа што имаме проблеми, не смееме да се криеме и мораме да се справиме со ситуацијата“.
Холанѓанецот потоа потврди дека новите засилувања, Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи ќе бидат во составот.