Се јави и братот на Донарума: Џиџо е фан на Милан, вие што го навредувате, ништо не знаете!

by
4 минути читање

Откако синоќа Милан објави дека и дефинитивно добиле негативен одговор од Донарума, фановите не штедеа навредливи зборови кон младиот голман.

Братот на Џиџо, Антонио Донарума кој исто така е голман, брани за грчкиот клуб Астерас, на инстаграм објави фотографија од неговиот и дресот на брат му и обележја од Милан и напиша подолг текст.

„Се обраќам на оние луѓе кои не направиле ништо туку само го навредуваат Џиџо и нашата фамилија“ – вели Антонио Донарума, братот на голманот.

„Џиџо е фан на Милан од мал, и неговиот сон отсекогаш беше да игра во дресот на Милан“.

„Секогаш со гордост го носеше дресот и ја даваше душата за него. Плачеше после секој пораз“.

„До вчера сите бевте за него, сега и покрај тоа што не знаете ништо го навредувате него и целата наша фамилија, пишувате работи кои нашата фамилија не би ги посакала ниту на нашиот најлот непријател“.

„Нашата фамилија уживаше и плачеше заедно со сите вас фанови. Милан има неверојатна историја и никој не може да го негира тоа“.

„За оние кои му дадоа пишана поддршка на Џиџо, ќе ви кажам дека комплетно разбирате каква личност е тој, се што направи за Милан, го правеше со љубов“.

„Пред се, Џиџо е фан на Милан исто како и вие и секој што го навредува не е навивач на Милан. Можете да навредувате под оваа фотографија, но оставете ја нашата фамилија надвор од ова. Тие секогаш не учат на вистинските вредности во животот“.

Mi rivolgo a tutte le Persone che non stanno facendo altro che insultare gigio e tutta la nostra famiglia.. Gigio sin da piccolo è tifoso del Milan.. per lui giocare con la maglia del Milan e’ un sogno..ha sempre onorato e dato L anima per questi colori.. ha pianto per ogni sconfitta.. fino a ieri eravate tutti con gigio.. ora senza sapere nulla state insultando tutta la famiglia, scrivendo frasi che la nostra famiglia non augura nemmeno al peggior nemico.. la nostra famiglia ha gioito e pianto con tutti voi tifosi..il Milan ha una storia incredibile.. e nessuno può metterlo in dubbio..Per le persone che hanno scritto messaggi a favore di gigio ci tengo a dire che voi avete capito davvero che persona e’ gigio.. qualunque gesto che ha fatto e qualunque frase ha detto o scritto.. L ha fatto davvero per amore del Milan.. gigio e’ soprattutto un tifoso del Milan.. come voi..e chi lo insulta non è tifoso del Milan..ora potete anche riempire di insulti questa foto.. ma la famiglia lasciatela stare.. loro ci hanno sempre insegnato i veri valori della vita… per quelli che invece continuano a dire che io devo ringraziare a gigio perché mi da i soldi.. vi dico che a me mai nessuno mi ha regalato qualcosa.. ogni anno lotto per guadagnare quello che mi merito.. grazie.. #brothers #love #donnarumma #alwaystogether

A post shared by Antonio Donnarumma (@antodonnarumma90) on

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани