Објавени нови детали: Се огласи таткото на Јамал – три лица уапсени за инцидентот!

by Стефан
1 минути читање

Од вчера вечер една од главните теми во медиумите е инцидентот во кој таткото на Ламин Јамал беше избоден со нож.

На социјалните мрежи се појави и снимка, а според информациите инцидентот настанал по расправија за паркинг место. Сега медиумите објавуваат дополнителни информации.

Полицијата веќе уапсила три лица, додека едно е во бегство. Лицата биле уапсени уште ноќта два часа по полноќ. Инцидентот како што беше објавено претходно се случил некаде помеѓу 21 и 22 часот.

Таткото на Јамал, Мунир бил примен во болница на десетина километри од Барселона каде што пристигнал и неговиот син кој изгледал смирено во разговорот со полицијата.

Преку социјалните мржеи денеска се огласи и Мунир порачувајќи дека се чувствува подобро.

„Благодарен сум пораките на поддршка и охрабрувањата. Се чувствувам навистина добро“, објави таткото на младата ѕвезда на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани