Богатиот договор
за ТВ права во Премиерлигата им обезбедува огромни суми на клубовите.
За споредба, последнопласираниот Сандерленд доби околу 100 милиони фунти, сума за која можат да
сонуваат сите останати клубови од Европа, освен Барселона и Реал Мадрид.
Па парите не се
проблем за Премиерлигашите при настапот на трансфер пазарот, и тоа го
демонстираше Евертон откако потроши 50 милиони фунти за 24 часа.
„Карамелите“ вчера
вечерта го комплетираа трансферот на Џордан Пикфорд од Сандерленд,
талентираниот голман е платен 25 милиони фунти, а зделката може да се искачи до
30 милиони преку најразлични бонуси.
Со овој трансфер
Џордан Пикфорд стана најскапиот голман во Премиерлигата, и трет најскап голман
во светот зад Едерсон Мораеш од Манчестер Сити и Џиџи Буфон од Јувентус.
Утрово Евертон
потврди ново засилување, на Гудисон Парк се пресели капитенот на Ајакс, Дави
Класен.
За услугите на
Холанѓанецот, „Карамелите“ ќе платат 27 милиони евра, или околу 23,5 милиони
фунти.