31-годишниот фудбалер не е дел од плановите на Тијаго Мота за новата сезона, Јувентус сака да го продаде ова лето, а заинтересиран за него е Кристал Палас.
Проблем за Костиќ е тоа што тој е повреден и е надвор од теренот. Ги повреди лигаментите на коленото за време на настапот со Србија на Европското првенство летово.
Според „Калчомеркато“, цената која ја одредил Јувентус за продажба на Костиќ изнесува 8 милиони евра.
Кристал Палас се интересира за него, таму тренер е Оливер Галсер, стратегот со кој Костиќ работеше во Ајнтрахт Франкфурт.
Под негово водство Костиќ даде седум гола и имаше 16 асистенции на само 45 натпревари.
Прашање е дали англискиот клуб е подготвен да купи фудбалер кој во моментов се рехабилитира од повреда.