176
Поради повредата на коленото на вчерашниот тренинг, Едуардо Камавинга нема да биде дел од вечерашниот Суперкуп натпревар меѓу Реал Мадрид и Аталанта.
Првичните прогнози не се страшни, не се работи за повреда на лигаментите. Но, утринава ќе бидат направени детални тестови по кои точно ќе се знае за каква повреда се работи.
Камавинга се повреди на вчерашниот тренинг при еден дуел со Чуамени.