Тоа се случило на натпревар на екипи до 11 години, Серанос Б го добил мечот против Беникалап Ц со неверојатна разлика од 25 голови.
Таквиот резултат му донел отказ на тренерот на победничкиот тим бидејќи раководството сметало дека е против духот на играта.
„Ние веруваме дека треба да се има почит за противникот. По резултатот одлучивме дека нашиот тренер треба да замине“ – изјавиле од раководствотон на победничкиот тим.
Во шпанските медиуми има и изјава од адвокатот на тренерот кој вели дека го предупредувал својот клиент да прекине да напаѓа кога резултатот бил 10-0, но тој не го послушал и го докрајчил противникот.
Тоа бил и последен натпревар за Беникалап Ц во сезоната, тие завришле на последното место со нула бодови и 247 примени голови од 30 натпревари.
Многу од другите клубови престанувале да им даваат голови кога ќе дојдат до бројката од 10, но тоа не го направил и тимот на Серанос Б.