Разочарување за навивачите: Ливерпул останува без големата желба

by Стефан
1 минути читање

Како што стојат работите, Ливерпул ќе остане без потписот на Мартин Зубаменди од Реал Сосиедад.

Според последните информации од медиумите, фудбалерот ја одбил понудата и ги прекинал преговорите со „црвените“.

Така, Сосиедад најверојатно ќе успее да го задржи Зубаменди кој би бил еден од клучните играчи за новата сезона. Освен тоа се најавува и дека наскоро ќе стави потпис на нов договор.

За својата одлука, Зубаменди веќе го известил и спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани