79
Јувентус е сериозно заинтересиран за Даглас Коста, тоа синоќа го потврди и Масимо Алегри.
Баерн Минхен за својот фудбалер бара 50 милиони евра, но медиумите пишуваат дека Јувентус може да добие попуст поради добриот однос со германскиот клуб во последните години.
Јувентус и Баерн Минхен имаа неколку зделки во последниот период, Артуро Видал, Кингсли Коман и Медхи Бенатија.
„Тутоспорт“ пишува дека трансферот на Даглас Коста најверојатно ќе биде договорен за 40 милиони евра плус бонуси.