Официјално: Манчестер јунајтед потпиша со Линделоф

by
1 минути читање

22-годишниот шведски централен дефанзивец е ново засилување на одбраната на Манчестер јунајтед. Тој долго се поврзуваше со клубот од Олд Трафорд, од денес и официјално е негов член.

„Манчестер јунајтед со задволство може да соопшти дека потпиша четири годишен договор со Виктор Линделоф од Бенфика“ – стои во соопштението на Манчестер јунајтед.

Фудбалерот е среќен што ќе биде дел од тимот на „црвените ѓаволи“.

„Пресреќен сум што доаѓам во Манчестер јунајтед. Уживав во мојот период во Бенфика каде научив многу. Но сега се насочувам кон Премиерлигата и работата со Жозе Мурињо. Сакам да дадам допринос во освојување на многу трофеи“ – вели Линделоф.

Тој доби пофалби и од Жозе Мурињо.

„Виктор е многу талентиран млад фудбалер кој има убава иднина во Јунајтед. Нашата сезона минатата година покажа дека ни се потребни опции и длабочина во составот, Виктор е прв кој го засилува тимот ова лето. Знам дека нашата фантастична група играчи ќе го пречека како еден од нас“ – вели Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани