Португалскиот стратег Жозе Мурињо кој низ кариерата оствари голем успех, а денес го води турскиот гигант
Фенербахче истакна дека за него тој и Карло Анчелоти се најдобрите тренери на нивната генерација.
Мурињо е единствениот тренер кој ги освоил сите три европски натпреварувања (Лигата на шампионите двапати, Лига Европа двапати и Конференциската лига). Освен тоа освојуваше титули и во Португалија, Англија, Италија и Шпанија.
Во интервју за „Марка“ не беше скромен во изјавата и порача дека не гледа тренери со поголем успех од него и Анчелоти.
„Ретко успешните тренери водат помали клубови, освен јас и Анчелоти беше тренер на Евертон. Тогаш сите мислеа дека неговата кариера завршвува, а тој се врати во Реал и освои се. Се сомневам дека ќе има слични кариери на мојата и Карло, тешко е да бидете успешни толку години. Денес добрите тренери брзо стивнуваат. Анчелоти првата титула ја освои во 2003 година, а последната сега во 2024, јас во 2004 и во 2022. Вакво достигнување нема никој друг“, изјави Мурињо.