Златан Ибрахимовиќ направи шоу на вчерашната промоцијата на Алваро Мората во Милан и добро ги насмеа сите со шега на сметка на новајлијата Страхиња Павловиќ.
Златан Ибрахимовиќ официјално е само советник на сопствениците на Милан, но очигледно неговата улога на Сан Сиро е многу поголема.
Швеѓанецот е вклучен во преговорите со фудбалерите кои се идентификувани како нови засилувања, а редовно се појавува и на нивните промоции.
Синоќа, Златан Ибрахимовиќ се појави покрај Алваро Мората на средбата со новинарите.
Откако изрази задоволство што успеале да донесат квалитетно засилување како Шпанецот, и откако ги испофали фудбалските карактериски на напаѓачот, реши да направи мало шоу.
„Сите играчи на Милан се убави и згодни момци, еве Мората е згоден. Ќе треба само Павловиќ да пушти коса за и тој да стане убав и згоден… но тој е малку друг карактер“ – рече Златан Ибрахимовиќ и добро ги насмеа сите.
“Morata is also handsome, Milan players are handsome.
— Italian Football TV (@IFTVofficial) August 9, 2024
We’ll have to let Pavlovic grow his hair out so he can also be handsome.”
Zlatan 😂😂😂
pic.twitter.com/6E0wTQWb3E