Како што пренесува Скај Спортс, Барселона стапила во контакт со Тотнем и се распрашувала за ангажман на левиот бек Серхио Регилон.
„Каталонците“ денеска го промовираа првото големо засилување ова лето, беше ангажиран Дани Олмо за 55+7 милиони евра.
Барселона работи на уште неколку зделки, а како што попладнево објави Скај Спортс, Деко и неговите соработници размислуваат за шокантен трансфер.
Клубот од Камп Ноу стапил во контакт со Тотнем и се распрашувал за условите под кои може да се ангажира Серхио Регилон.
Левиот бек, кој е дете на Реал Мадрид, по една одлична сезона на позајмица во Севиља, направи трансфер во Тотнем, но никогаш не се докажа во Северен Лондон.
Минатата сезона беше испратен на дури две позајмици, првиот дел го помина во Манчестер јунајтед, а вториот дел го одигра во Брентфорд.