Ханси Флик нема дилема за Дани Олмо, веќе ја одреди неговата позиција

by 24 фудбал
1 минути читање

Дани Олмо кариерата ќе ја продолжи во Барселона, каде што доаѓа од редовите на РБ Лајпциг.

Шпанскиот репрезентативец може да покрие повеќе позиции во офанзивнот дел од играта. Најчесто во последните години беше користен на различни места, а Ханси Флик за него во Барселона нема никакви дилеми. Германецот во Олмо гледа перфектен плејмејкер, па тој се очекува да биде разигрувачот на тимот и креаторот на нападите.

Секако, по потреба Олмо може да одговори на речиси секоја позиција во нападот, па дури и да игра како „лажна деветка“. Офанзивниот потенцијал на Барселона е огромен, а со Олмо како додадена вредност ќе биде уште поголем и поопасен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани