145
Португалската легенда Пепе реши да ја заврши фудбалската кариера на 41-годишна возраст.
Славниот стопер кој последно настапуваше во Порто по Европското првенство се повлече од спортот. Простување од својот долгогодишен соиграч имаше и Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Ал-Наср му испрати порака на Пепе која беше емотивна.
Пепе кариерата ја мина во Маритимо, Порто, Реал Мадрид и Бешикташ, а ја круниса со три трофеи во Лигата на шампионите и Европското првенство во 2016 година.
„Зборовите не се доволни за да покажам колку ми значиш пријателе. На теренот заедно освоивме сè. Сепак, најголемото достигнување е нашето пријателство и почит. Ти си единствен, мој брат. Ти благодариме за сè“, напиша Роналдо.