Јувентус си купи нов напаѓач од 30 милиони на четири рати

by
1 минути читање

21 годишниот Чех
имаше одлична сезона во Сампдорија па го привлече вниманието на неколку големи
клубови, помеѓу кои Интер, Милан, Јувентус, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Арсенал и
Тотенхем.

Последните
извештаи велат дека Јувентус е тој кој ја добива битката за потписот на Патрик
Шик.

Тутоспорт
пренесува дека „Старата Дама“ ќе плати 25 милиони евра колку што изнесува
откупната клаузула на играчот, како и неколку додатни милиони евра во бонуси,
за на крајот целата зделка да вреди 30,5 милиони евра.

Секако, клубовите
од Италија ја немаат финансиската моќ како Премиерлигашите и не можат толку лесно
да се расфрлаат со пари, па оваа сума ќе биде платена во период од
четири години.

Се очекува Петрик
Шик во скоро време да го помине лекарските прегледи и да стави потпис на
договор со шампионот на Италија.

Тој подготовките
за новата сезона ќе ги започне со Јувентус, а Масимо Алегри ќе одлучи дали
напаѓачот ќе остане или пак ќе биде испратен на позајмица.

Во случај на ова
второто, се верува дека Сампдорија има прва опција да го добие Патрик Шик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани