Мората сака да стане „ѓавол“ пред да рипне во тавче

by
1 минути читање

Алваро Мората е изборот на „Црвените Ѓаволи“ за засилување на нападот и најтрофејниот клуб од Англија се обидува да го комплетира трансферот до крајот на оваа недела.

Напаѓачот овој викенд прави свадба па сака неговата фудбалска иднина да биде резрешена пред да рипне во тавче.

Се верува дека играчот веќе се има договорено со Манчестер јунајтед и сега останува само уште двата клуба да си подадат рака.

Реал Мадрид бара помеѓу 80 и 90 милиони евра за Шпанецот, но „Црвените Ѓаволи“ се обидуваат да ја намалат цената.

Извештаите велат дека двата клуба најверојатно ќе се договорат за зделка вредна 75 милиони евра, плус додатни 5 милиони во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани