Еве зошто Алегри го сака Даглас Коста

by
1 минути читање

Тренерот на „Старата Дама“, Масимо Алегри го има идентификувано Даглас Коста од Баерн Минхен како идеално засилување за новата сезона, и лидерите на Јувентус прават се што можат за да му излезат во пресрет на стратегот.

Тутоспорт, весник кој е близок до „Бјанконерите“, сега открива зошто Масимо Алегри инсистира на ангажман на Бразилецот.

Даглас Коста минатата сезона во Бундеслигата имаше најголем број на дриблинзи, дури 148.

Ова е многу важно за во Серија А, каде екипите имаат подефанзивен пристап и негуваат цврста одбрана.

Па експлозивниот Даглас Коста и неговите дриблинзи ќе треба да ги „отвараат“ противничките одбрани.

Бразилецот има добри бројки и кога е во прашање креирање на шанси, тој минатата сезона, во која не играше многу забележа 9 асистенции, додека пак во сезоната 2015/16 дури 18, односно двојно повеќе.

Даглас Коста може да се пофали и со процент на реализирани додавања од 80% , односно од 1632 додавања, 1308 му биле успешни.

Тој не е голгетер, постигна 14 погодоци во двете сезони во дресот на „Баварците“, но опасен е кога ќе се најде во шанса за гол.

Од 107 шутеви, дури 41 завршиле во рамките на голот, со процент на прецизност од 38%.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани