Додека се чека потврдата за Олмо, Барселона работи и на уште еден трансфер

by Стефан
1 минути читање

Дани Олмо летово ќе се врати во Барселона и во тоа нема никакви дилеми, се чека само официјализација на овој трансфер.

Олмо веќе е во Каталонија каде што ги помина медицинските прегледи и официјалната потврда може да пристигне во секој момент. Но, додека во Барселона го завршуваат неговиот трансфер работат и на уште еден фудбалер.

Португалецот, Кансело во изминатата сезона го носеше дресот на Барселона како позајмен фудбалер од Манчестер Сити и каталонскиот гигант сака да го задржи.

Кансело по истекот на позајмицата се врати во Сити, а Барселона се обидува со англискиот тим да се договори за неговата оштета. Фабрицио Романо објави дека токму висината на оштетата е единствен проблем во реализација на трансферот, самиот фудбалер има желба повторно да го носи дресот на Барселона.

Ќе потсетиме, Барселона исто така се поврзуваше и со Нико Вилијамс, меѓутоа како што стојат работите тој ова лето ќе остане во Атлетик Билбао.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани