И Роналдо на суд за затајување данок, Португалецот со бизнис шеми прикрил 14.7 милиони евра

by
1 минути читање

Обвинителството од Мадрид поднесе тужба против Кристијано Роналдо на барање на даночните власти.

Во соопштението на обвинителството се вели дека фудбалерот креирал корпоративна структура во 2010 со која ги прикрил приходите од имиџ правата.

Кристијано Роналдо е обвинет дека во периодот од 2011 до 2014 затаил 14.7 милиони евра (околу 1.4 милиони во 2011, околу 1.7 милиони евра во 2012, околу 3.2 милиони евра во 2013 и околу 8.5 милиони евра во 2014).

Реал Мадрид, самиот фудбалер како и агенцијата Жестифуте, која се грижи за кариерата на Кристијано Роналдо, се уште се немаат огласено.

Претходно на суд завршија голем број фудбалери кои настапуваат во Шпанија, а секако најзвучно беше името на Лео Меси, кој доби затворска казна, но нема да заврши зад решетки бидејќи законот не го предвидува тоа за казни помали од 24 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани