209
Голема трагедија ја снајде бразилската фудбалска легенда Сержињо.
На социјалните мрежи се појавија информации за смртта на синот на поранешниот лев бек, Диего. Бразилската легенда Сержињо и семејството тагуваат по трагично загубениот млад син. Момчето имаше само 20 години, а во моментов нема информации за причината на ненадејната смрт.
Бразилецот својата играчка кариера ја заврши во 2008 година играјќи за Милан. Во таборот на „росонерите“ се задржа најдолго, настапуваше од 1999 година до своето пензионирање.
Претходно Сержињо во родниот Бразил настапуваше за Итаперуна, Бахиа, Фламенго, Крузеиро и Сао Пауло.