Арсенал убедливо слави на првиот натпревар од новата сезона одигран на својот „Емирати“ во Лондон и тоа против германскиот првак Баер Леверкузен со 4-1.
Уште во првото полувреме „топџиите“ практично си ја завршија својата задача, бидејќи водеа со три гола разлика. Во осмата минута резултатот го отвори Зинченко, а веќе во следната погоди Тросар за удвојување на позитивата.
Следниот трети гол беше дело на Габриел Жезус. Бразилскиот напаѓач на Арсенал во 38. минута зголеми на 3-0.
Во продолжението по доста измени на двете страни стрелец беше и двојниот асистент Каи Хаверц, додека конечниот резултат го постави чешкиот фудбалер Хложек.
Овој натпревар беше враќање „дома“ за Гранит Џака кој мина голем дел од кариерата на „Емирати“ играјќи за Арсенал.