Монтела го носи својот „пулен“ од Фиорентина, Милан го добива петтото засилвуање!?

by
2 минути читање

Шпанецот се
пресели на Артемио Франки во 2012 кога на кормилтото беше Внченцо Монтела, и
под негово водство прерасна во еден од најдобрите играчи на Фиорентина и икона
на „Виолетовите“.

Винченцо Монтела
минатото лето се обиде да го донесе Борха Валеро на Сан Сиро, но доби негативен
одговор.

Сепак, Марка вечерва
пренесе дека желбата на стратегот ќе биде исполнета ова лето.

Мадридскиот
весник пишува дека сите инволвирани страни постигнале договор.и веќе утре
Шпанецот ќе стане петтото засилување за Милан.

За разлика од
Марка, медиумите од Италија се скептични за една ваква зделка и велат дека во
моментов нема преговори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани