75
Сагата за Антоан Гризман и дефинитивно е готова, францускиот фудбалер стави потпис на нов договор со Атлетико Мадрид до 2022 година.
Гризман требаше да го напушти Атлетико Мадрид ова лето и да се пресели во Манчестер јунајтед но работите се променија откако шпанскиот клуб доби забрана за трансфери.
Гризман одлучи да остане верен на клубот и да не го напушта кога нема да може да се носат нови играчи.
Ваквиот потег на Гризман клубот го награди со нов побогат договор.