Откако го назначи Спалети за нов тренер, Интер сега тргнува во шопинг на нови фудбалери

by
1 минути читање

Милан денеска го презентираше четвртото засилување за идната сезона, „росонерите“ се максимално активни на трансфер пазарот за разлика од Интер, но се очекува бурен преоден рок и во црно-синиот дел од Милано.

Интер најпрво го реши најважното прашање, тренерот, Лучијано Спалети ќе го води тимот идната сезона, па во наредните денови се очекува да паднат и првите трансфер зделки.

Последните информации велат дека Интер се сретнале со новиот спортски директор на ПСЖ, Антеро Енрике на дискусија за ангажман на Лукас Мура.

24-годишниот Мура минатата сезона постигна 19 голови за ПСЖ а имаше и шест асистенции, но нема добар однос со навивачите на клубот, па реална е шансата да ја промени средината.

Лукас Мура не е единствената желба на Интер од ПСЖ, италијанските медиуми пишуваат дека тие се интересираат и за Анхел Ди Марија.

Како опции по крилните позиции се споменуваат и Федерико Бернардески од Фиорентина за кого силен интерес има и од Јувентус, но тука е и Доменико Берарди од Сасуоло.

Спалети сака да донесе и некои од играчите со кои работеше во Рома, станува збор за Наинголан и Рудигер.

Интер се интересираше и двајца фудбалери на Реал Мадрид, Пепе и Хамес Родригез, но се чини дека нема да добие ниту еден од нив двајца.

Како и да е, во наредниот период се очекува Интер да донесе неколку квалитетни фудбалери за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани