286
Баерн Минхен реши да го испрати Брајан Сарагоса на позајмица во Валенсија, „баварците“ ќе покриваат половина од платата на Шпанецот.
Во декември 2023 година, Баерн Минхен реши да инвестира околу 15 милиони евра во ангажман на Брајан Сарагоса, а потоа во јануари 2024 плати екстра 5 милиони евра за порано да го добие офанзивниот фудбалер.
Но Шпанецот не се снајде на Алинац Арена, тренерот Томас Тухел дури и не разовараше со него.
Па откако не се изнаигра во Минхен, тој сега ќе биде испратен на позајмица во Валенсија, а Баерн ќе покрива половина од неговата плата.
Билд вели дека начелно се е договорено за една ваква зделка, и само се чека амин од Питер Лим, газдата на Валенсија.