Пијани судии краделе и уништувале сообраќајни знаци пред натпревар од ЛШ

by Стефан
1 минути читање

Meдиумите во Полска објавија голем скандал во кој во центарот на вниманието се судиите Бартош Франковски и Томаш Мусиал.

Двајцата судии во алкохолозирана состојба краделе и уништувале сообраќајни знаци, а интервенирала и полицијата.
Инцидентот е потврден од безбедносните сили, а се случил околу 01:30 часот по полноќ.

„Околу 1.30 часот добивме дојава дека тројца мажи крадат сообраќајни знаци на улица. Полицијата излезе на терено, а сите приведени лица имаа над 1,5 промили алкохол во крвта“, соопштија од полицијата.

Двајцата судии требаше да бидат во ВАР собата на натпреварот помеѓу Динамо Киев и Ренџерс, но поради скандалот УЕФА ги отстрани и испрати нивни замени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани