335
Вчерашните најави се остварија, Милан го донесе најголемото засилување досега во летниот преоден рок, Андре Силва од Порто.
Андре Силва денеска ги помина медицинските тестови и стави потпис на петгодишен договор.
Според италијанските медиуми, Милан за Андре Силва на Порто ќе му плати 38 милиони евра.
21-годишниот фудбалер ќе го носи дресот со број десет.
Изминатата сезона Андре Силва постигна 21 гол за Порто, тој се промовираше и како партнер на Кристијано Роналдо во нападот на португалската репрезентација за која има постигнато седум погодоци од само осум меча.