Ривер Плата на клупата го врати својот најуспешен тренер

by 24 фудбал
1 минути читање

Како што веќе беше најавено, Марсело Гаљардо по авантурата во Саудиска Арабија се враќа „дома“.

Ривер Плата потврди дека стручњакот се враќа на кормилото на првиот тим. Гаљардо ја водеше и во минатото оваа екипа, а тој важи за најуспешниот тренер во клупската историја.

Со Ривер, Гаљардо освои вкупно 14 трофеи, од кои два беа во елитната Копа Либертадорес, а имаше и еден пораз во финалето. Последната авантура на клупата на аргентинскиот клуб му траеше од 2014 до 2022.

Потоа Гаљардо го водеше саудиски Ал Итихад, а во минатото кратко беше тренер и на Насионал. Сега се враќа во Ривер Плата како наследник на Мартин Демикелис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани