Миовски одигра цел натпревар, Абердин стартуваше со победа!

by riste
1 минути читање

И покрај тоа што чека абер за трансфер, Бојан Миовски одигра цел меч од првото коло во шкотската Премиерлига, Абердин со 2-1 победи на гостувањето кај Сент Џонстон.

Миовски не даде гол, но одигра одличен меч, беше еден од најдобрите на теренот.

Македонскиот фудбалер имаше неколку шанси, а еднаш со шут од далечина ја погоди и пречката од противничкиот гол.

И покрај тоа што денеска играше за Абердин, се очекува Миовски до крајот на преодниот рок да го промени клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани