Продолжува македонското шоу во шкотскиот фудбал, бидејќи во првото коло на Премиер лигата својот деби гол го постигна Кристијан Трапановски.
Македонскиот офанзивец даваше голови во подоготовките и во Куп-натпреварите, а сега стрела и во првенството. Течеше 13. минута кога Трапановски донесе предност на Данди Јунајтед против градскиот ривал Данди, со одлична завршница.
Wuzfjerbrbrbbttswcfkrjdbdr yessss!
— Craig David (@craigbryandavid) August 4, 2024
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
1-0 Dundee United. #DUFC
🧡🖤🧡 pic.twitter.com/3beenmtC5m
Освен Трапановски, стартер за Данди Јунајтед е и Давид Бабунски кој ја носи и капитенската лента.
Пред почетокот на мечот фудбалерите на Данди му направија чест на ривалот Јунајтед со „шпалир“ бидејќи лани ја освоија Втората лига и се вратија во елигата.