Ван Гал откри: Имав понуда од европски гигант, но не можам да бидам клупски тренер

by 24 фудбал
1 минути читање

Луис Ван Гал последниот тренерски ангажман го имаше во 2022 година, кога ја водеше репрезентацијата на Холандија.

По Светското првенство во Катар, искусниот стратег имаше рак на простата, а за среќа успеа да се извлече и да ја добие битката со болеста. Поради тоа тој е неактивен на тренерскиот пазар, но и покрај тоа откри дека имал понуда од ова лето да го води Баерн Минхен.

Сега повторно сум релативно здрав. Можам да работа, но не како клупски тренер. Ме бараше Баерн пред да го договори Компани. Како селектор имаш активна работа во неколку периоди во годината, треба да скаутираш играчи со својот стручен тим. Тоа би можел да го работам и понатаму“, изјави Ван Гал.

Како клупски тренер Ван Гал работеше најдолго во Ајакс, потоа имаше две епизоди во Барселона, по една во АЗ Алкмар, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед. Селектор на Холандија беше трипати, а еднаш седна на клупата и на репрезентацијата до 20 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани