162
Тренерот на Јувентус, Тијаго Мота потврди дека за Федерико Киеза нема место во тимот, тој треба да си оди.
Киеза бара ангажман, но засега не може да го најде, имаше неколку клуба заинтересирани за него од Италија, но на крајот не се договори со никој.
Како што сега стојат работите, останување во Јувентус не е опција.
„Федерико Киеза и сите останати играчи кои не се повикани за пријателски натпревари, не се дел од проектот. Ние бевме јасни со нив, тие треба да си најдат решение, се разбира нов клуб колку што е можно побрзо. Одлуката е донесена“, рече Мота.