Медиумите од „острвото“ пишуваат дека Ентони Гордон би можел со „штрајк“ и одбивање да игра за Њукасл да изнуди трансфер во Ливерпул.
Се шпекулира дека Ентони Гордон е едно од имињата при врвот на листата со желби на Ливерпул.
Оваа недела се појавија гласини кои велеа дека на крајот од јуни, Ливерпул и Њукасл договориле голема зделка со која Ентони Гордон требал да се пресели на Енфилд за 75 милиони фунти, а Џо Гомез да заврши на Сент Џејмс Парк за 45 милиони фунти.
Сепак, Њукасл се пишманил во последен миг и се повлекол од трансферите.
„Црвените“ и понатаму остануваат заинтересирани за Ентони Гордон, а и самиот напаѓач е желен за преселба. И покрај тоа што го носеше дресот на лутиот ривал Евертон, Ливерпул е неговата прва љубов, беше дел од нивната школа до 11 годишна возраст.
Како што пренесува „Фудбал-инсајдер“, Ентони Гордон во следниот период може да се реши на драстичен чекор, односно да „штрајкува“ и да одбива да игра за Њукасл со цел да изнуди трансфер во Ливерпул.
Останува да се види како ќе се одвиваат работите, Њукасл сакаат да го задржат напаѓачот и планираат да му понудат нов договор со повисока плата.