Германскиот шампион Баер Леверкузен е подготвен да ја активира клаузулата од спонзорскиот договор со добавувачот на дресови „Касторе“.
Иако договорот беше потпишан пред две години и тоа на повеќегодишна основа, Германците не се задоволни од добавувачот. Главна причина за прекинот е лошата организација и бавната креација на нови дресови.
Имено, според германските медиуми од Баер Леверкузен се бесни бидејќи „Касторе“ веќе неколку седмици не успева да ја наполни залихата на гостинскиот дрес.
Побарувачката за дресовите сега откако се освои Бундеслигата е зголемена, а компанијата задолжена за полнење на полиците – потфрли. Поради таа бизарна причина Баер Леверкузен сериозно размислува и разгледува опции за промена на спонзорот.