Баерн подготвува чистка до крајот на месецот, дури 8 фудбалери можат да заминат

by bojan
1 минути читање

Баерн Минхен до крајот на преодниот рок сака да се раздели со неколку фудбалери, медиумите шпекулираат дека на продажба се дури 8 фудбалери.

„Баварците“ ова лето започнаа нов проект со Винсент Компани на кормилото. Беа купени Мајкл Олисе, Жоао Палиња и Хироки Ито, а се меркаат уште неколку имиња.

Во исто време, „баварците“ сакаат да направат чистка и да се разделат со играчи на кои не сметаат сериозно.

Први на листата за отстрел се Горецка, Де Лихт, Мазрауи, Коман и Кимих.

Баерн Минхен исто така е подготвен да седне на преговори доколку доби добри понуди и за Сане, Гнабри и Дејвис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани