Мората преку социјалните мрежи даде знак дека се сели во Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
1 минути читање

Се појасно е дека Алваро Мората ќе биде првото мега засилување на Манчестер јунајтед, а дека вестите не се само обични шпекулации покажа и тој на социјалните мрежи.

Алваро Мората преку својот официјален инстаграм профил „лајкна“ вест во која се зборува за неговиот трансфер во Манчестер јунајтед.

Светските медиуми не пропуштаат вакво нешто, и го сметаат за силно наговестување дека трансферот ќе се реализира.

Дополнително се шпекулира дека Мората го наговара и Герет Бејл да се пресели во Манчестер јунајтед, а на пат кон Олд Трафорд би можел да тргне и Хамес Родригез кој не беше ниту на клупата во финалето од Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани